Page 160 - ЦЕЛИНА
P. 160

светски	 закон	 со	 кој	 ќе	 имаме	 светски	 данок	 на	 промет.	 Со
            парите	од	вака	собраниот	данок	ќе	управува	светското	собрание.
            Првите	 чекори	 ќе	 се	 направат	 во	 изедначување	 на	 целината	 и
            менување	 на	 интересот	 и	 целта	 на	 општеството.	 Со	 други
            зборови,	 новата	 организација	 на	 општествените	 односи	 би
            имала	 за	 цел	 вишокот	 на	 работната	 сила	 (работниците	 кои
            останаа	 на	 улица	 од	 банкротираните	 мали	 фирми	 и
            невработените	 од	 развиените	 земји	 да	 бидат	 ангажирани	 за
            други	 повисоки	 цели	 во	 развојот	 на	 општеството)	 да	 биде
            насочено	 и	 ангажирано	 во	 производство	 на	 нови	 идни
            општествени	 добра.	 За	 да	 не	 биде	 апстрактно,	 оваа	 состојба
            мора	да	се	продлабочи	и	да	се	објасни	за	да	се	разбере.

            Светското	 собрание	 мора	 да	 се	 бори	 за	 создавање	 школски
            систем	 каде	 секое	 дете	 во	 светот	 ќе	 добие	 иста	 шанса	 за
            развивање	 и	 интегрирање	 во	 општеството.	 Ова	 е	 неопходно	 за
            вишокот	 на	 работната	 сила	 во	 иднина	 да	 биде	 ангажирана	 во
            создавање	 на	 општествените	 добра	 и	 создавање	 општествен
            развој.	 Се	 поставува	 прашањето	 кој	 ќе	 го	 финансира	 тоа?
            Едноставно,	да	се	вратиме	на	горниот	пример,	„Кока-Кола“,	како
            светска	 компанија,	 создава	 големи	 приходи	 од	 кои	 мора	 да
            одвојува,	 т.е.	 плаќа	 данок	 на	 светот	 или	 поконкретно	 данок	 на
            светското	собрание.

            Глобализацијата	   и	  нејзините	   позитивни	   страни	  кои
            придонесуваат	за	зближување	на	целината	треба	да	се	развиваат,
            негативните	 страни	 треба	 да	 се	 решаваат,	 а	 не	 да	 се	 оставаат
            како	неважни.

            На	 крајот,	 не	 може	 голема	 компанија	 или	 корпорација	 да	 се
            развива	 во	 целиот	 свет	 за	 да	 прави	 огромни	 профити,	 а	 да	 не
            плаќа	   данок	   на	  целиот	   свет	  или	   на	   целината.
            Мултинационалните	 компании	 мора	 да	 имаат	 и	 обврска	 да	 се
            грижат	за	мултинационалниот	живот.

            Мултинационалните	 корпорации	 кои	 се	 учесници	 во	 самата
            глобализација	 во	 призната	 и	 создадена	 целина	 ќе	 имаат
                                          158
   155   156   157   158   159   160   161   162   163   164   165