Page 164 - ЦЕЛИНА
P. 164
однесувањето на едните или на друдите се добри или лоши
зависи од многу нешта.
Човекот во умот си наоѓа различни причини за оправдување на
сопствените постапки, за тоа кој е виновен, или наоѓа
оправдување дека е сиромав бидејќи татко му не му оставил
наследство, што го сопира да се искаже и да ги изрази своите
квалитети. Значи човековиот ум никогаш не се предава и никој
не мисли дека е сам виновен за состојбата во која се наоѓа. Исто
така, и богатиот има свои недостатоци и маани и тој обвинува
друг за својата состојба.
И човекот со многу пари и богатство, и сиромашниот или човекот
од среден сталеж имаат нешто што им недостига. Сиромавиот
има стремеж за пари и богатство и мисли дека ќе ја постигне
целта и ќе биде беспрекорно среќен ако дојде до пари. Има
примери каде се постигале ваквите цели, но среќата не се
добила.
Луѓето не се разликуваат толку за да бидат поделени. Не е тешко
да се подобри ваквата состојба и на крајот луѓето да се еднакви.
Првите чекори мора да се направат во колективна едукација со
која ќе се објасни дека иднината ќе донесе добро живеење. Во
иднина мора да се смени начинот на размислување кај луѓето.
Ваквата промена ќе ја даде живеењето во целината.
Прогресот на општеството неминовно растел од желбата да се
биде подобар од другиот. Таа желба да се биде најдобар
помагала за општествениот напредок. Ова навидум не е лошо,
борбата за докажување и работа за да се постигне целта е мотив
кој придонесува за развој. Но, лошото е во тоа што таа борба
повредува друга страна, борбата секогаш имала цел со која се
барала таква промена.
Во иднината ова состојба на општествени односи мора да ја
менуваме од причини што денешната состојба ќе донесе
негативни последици во идниот општествен однос. Бројните
162

