Page 163 - ЦЕЛИНА
P. 163
„Детето не треба да биде полнето со сознанија, тоа не треба да
стане магаре наполнето со книги ниту да му се даваат знаења
кои нема да му користат во животот, туку мора да се изградува
за сопствената ука и движење“
Есеите на Мишел де Монтењ се насочени кон етичката цел, да се
објасни животот и да се даде насока за добро живеење.
Секој човек има разум кој е рационален во делување или
живеење. Без разлика дали разумот е надограден и едукативен
или просветен, тој има совест за своите постапки. Совеста е
заштитник од лошите постапки и делување.
Луѓе од таканаречени развиени средини кои ќе се најдат во
предели каде се живее во племенски заедници (прашуми,
пустини или слични средини) нема да бидат убиени, племето ќе
ги следи со недоверба за да види дали се пријателски
расположени. Племето ги прифаќа непознатите луѓе ако утврди
дека тие немаат лоша намера. Ваквото дејствие на меѓусебно
запознавање и создавање однос помеѓу едните и другите го
изразува постоењето на разум и мирољубивост.
Оттука можеме да заклучиме дека разумот на едуцираните и на
неедуцираните нема многу голема разлика во постапките и
односите.
Едуцираните или развиени колективи мислат дека се многу
попаметни од различните од нив, тоа е денешната реална
состојба. Еден колектив понижува друг колектив или заедници.
Без разлика од која средина потекнува, секој индивидуум мисли
за себе дека е најпаметен. Таквото мислење не се изразува јавно
од многу причини, но тоа е вистината. Во робовладетелството,
робот не мислел дека е поглупав од робовладетелот, тој бил
принуден да биде послушен затоа што сакал да преживее.
Моралните постапки на одредена племенска заедница или на
развиен колектив се релативни, дали постапките или
161

