Page 98 - ПАТЕКА 2
P. 98

14



            Денес  искреноста  е  маана,  ако  си  многу  искрен  ти  си
            третиран  поинаку  од  другите.  Искреноста  велат  дека  е
            сестра  на  наивниот.  Денешната  искреност  полека  добива
            на вредност, но ова е толку бавно и безначајно. Јас мислам
            дека денес искреноста е само декларативна.

            Искреноста  треба  да  се  отвори  како  прашање  за
            проучување и анализирање. Во суштина искреноста е дел
            од иднината. Затоа е потребно иднината да се воведе како
            научна  дисциплина,  а  истовремено  да  се  воведе  како
            предмет  за  проучување  во  школите  и  факултетите  во
            светот.


            Демагогијата  и  лагата  во  иднина  ќе  бидат  минато.
            Иднината  нема  да  ги  препознава  ниту  демагогијата,  ниту
            лагата, тие ќе бидат смешни и непознати. Тоа ќе биде така
            затоа  што  иднината  ќе  навлезе  во  друго  ниво  во  кое
            општествените  односи ќе  бидат искрени.  Во планирање и
            проучување на иднината не можеш да ставиш елементи од
            демагогија или лага. Чувството за искреност и љубов меѓу
            луѓето ќе ја истисне злобата. Самата злоба е додадена, таа
            не  се  наоѓа  во  генезата  на  човекот, таа  се  раѓа  подоцна.
            Самиот овој момент укажува на исчезнување на злобата во
            иднината.  Во  иднина  со  примена  на  дијалектичкиот
            реализам нема да има место за злобата, измамата и други
            слични негативни елементи.



                                          97
   93   94   95   96   97   98   99   100   101   102   103