Page 102 - ПАТЕКА 2
P. 102

15



            Денешницата  е  премачкувана  со  разни  бои  што  ги
            затскриваат  реалните,  прави  вистини.  Правата  вистина  е
            суштината  на  животот,  но  таа  денес  е  покриена  и
            заматена.  Формата  денес  е  пренагласена,  а  со  таквото
            грубо  покривање  предизвикува  тотално  негирање  на
            суштината. Суштината денес е тотално отфрлена од самата
            форма.  Денес  формата  е  навлезена  како  демагогијата  и
            демагогијата е дел од реалноста.

            Купување  на  голем,  луксузен,  широк  автомобил  е
            императив. Тука се отфрлуваат физичките перформанси на
            човековото  тело,  потребата  зошто  ќе  служи  автомобилот,
            големината  на  паричникот  за  цената  на  автомобилот  итн
            Формата  е  поважна,  другите  параметри  се  во  втор  план.
            Автомобилот, куќата, облеката... ја одредува вредноста на
            човекот,  колку  се  овие  поскапи  и  поголеми  толку  е
            поголема вредност на индивидуалецот.

            Вакво присуство на формата нè опкружува насекаде. Никој
            од нас не мечтае да работи на производствена лента. Секој
            од нас ја гледа својата иднина со добри месечни примања,
            образован и богат. Во суштина тоа денес е природно , тоа е
            денешната реалност.

            Денес  формата  се  изобличува,  се  провлекува  во  нашите
            сетила за убаво, а со тоа се изместува суштината.



                                         101
   97   98   99   100   101   102   103   104   105   106   107