Page 100 - ПАТЕКА 2
P. 100

Борбите  помеѓу  државите  се  континуирано  силни,  но
            проѕирни.  Шпионските  разузнавања,  местенки,  афери  и
            сплетки  се  најважни,  што  повеќе  знаеш  за  државата  и
            плановите  кои  ги  има  лидерот  ти  си  посилен.  Луѓето  се
            занимаваат со темнини и глупости. Тоа е толку проѕирно и
            бескорисно. Ваквиот општествен живот во целина треба да
            го отфрлиме и да го оставиме во историјата. Затоа што во
            суштина  сето  тоа  не  е  потребно.  Големината  на  човекот
            мора да се гледа во создавање поголеми вредности.

            Раѓање  на  нова  мисла  и  создавање  нова  платформа  е
            денешниот приоритет за нашето општество. Влегување во
            човештвото  како  неминовен  период  е  единствен  пат  за
            опстанок  и  развој  на  општеството.  Нов  систем  кој  ќе
            доведе  до  зајакнување  на  целината  е  неопходен  за
            иднината и за сите нас.

            Создавање  искрена  позитивна  енергија  е  неминовен
            процес.  Проучувањето  на  иднината  ќе  ги  разбуди  и  роди
            позитивните  чувства  за  општествениот  развој  во  целина.
            Негативните  енергии  што  владеат  денес  нема  да  имаат
            почва  за  развиток.  Тие  ќе  изгнијат  и  со  самото  тоа  ќе
            испарат. Дури ни историјата нема да ги памети затоа што
            ќе ги снема во целост.

            Создавање  на  една  држава  во  целиот  свет  ќе  доведе  до
            создавање на еден интерес и една цел. Искреноста ќе биде
            мост  помеѓу  идните  општествени  односи.  Со  самото  тоа
            многу интереси и многу цели ќе се спојуваат во едно и ќе
            влеземе во период на благосостојба.

            Идните  целокупни  општествени  односи  ќе  создадат  брз
            развој  во  целото  општество  во  сите  гранки  на
                                          99
   95   96   97   98   99   100   101   102   103   104   105