Page 103 - ПАТЕКА 2
P. 103
Да се направи анкета во целиот свет и да се постави едно
просто прашање кое би гласело,
дали би сакал да бидеш крал?
Каков ќе биде одговорот на таквото прашање, 100 % сите
би одговориле со ДА.
Секој човек на светот сака да напредува и да биде
успешен, тоа е нормално. Но, светот со денешните
општествени односи не го дозволува тоа.
Некој мора да биде готвач, поштар, месар, учител,
електричар ... оттука настанува голем проблем. Се раѓа
незадоволство, неисполнетост, реткост е денес да видиш
задоволен човек кој ја сака својата работа. Оттука сè
тргнува наопаку. Оттука тргнува борбата за повисоко ниво
меѓу луѓето. Нееднаквоста, разликата раѓа злоба и
љубомора, кои се причини за појава на деформации во
општеството.
Се поставува прашањето како ова да се надмине и реши.
Иднината ќе има други цели и интереси, а овој денешен
проблем ќе биде надминат. Ние треба да тргнеме по
патеката која води во иднината. Ваквиот денешен систем
кој владее во светот мора да го менуваме за да стигнеме
до подобра иднина.
Секој човек од целиот свет кога ќе се праша себеси дали е
успешен и задоволен се заплеткува во лавиринтот на
многуте прашања што го опкружуваат денес.
102