Page 109 - ПАТЕКА 2
P. 109

17



            Рамномерен развиток на целината, односно изедначување
            на  неразвиените  со  развиените  територии  во  светот  е
            неминовен  иден  процес.  Ваквото  идно  планирање  е
            потребно  поради  добивање  на  првична  благосостојба  за
            целокупното население во светот.

            Оттука се поставува простото прашање кое би гласело:

             На кого би му пречело целиот свет да биде високо
            развиен?

            Како прво, да тргнеме од индивидуални претпоставки или
            индивидуално размислување.

            Јас  лично  секогаш  сакам  да  помогнам на  луѓето  во  моето
            опкружување. Јас не се чувствувам пријатно кога некој мој
            пријател оди надолу од која било причина, субјективна или
            објективна. Ова е толку просто затоа што ако мојот другар
            не  е  расположен  поради  свои  објективни  или  субјективни
            причини  тој  е  исполнет  со  негативна  енергија.  Таа
            негативна  енергија  зрачи  и  јас  не  сакам  таа  негативна
            енергија  да  делува  на  мене,  ова  е  една  од  причините,  а
            има и многу други.

            Никогаш не ја разбрав мислата

            да му умре козата на комшијата.



                                         108
   104   105   106   107   108   109   110   111   112   113   114