Page 107 - ПАТЕКА 2
P. 107

Многу е тешко да се прави план за иднина а да се вметнат
            негативни  елементи.  Ако  се  прави  план  за  општествено
            планирање,  не  е  возможно  да  се  вметнат  примеси  од
            негативни елементи. Кога имаме индивидуално планирање
            на подолг период никој не сака да вметне лоши елементи,
            а камоли кога се работи за општествено планирање.

            Планирана општествена иднина мора да се спроведува со
            помош  на  дијалектичкиот  реализам.  Суштината  на
            дијалектичкиот  реализам  е  да  е  општествено  признат,  а
            тоа значи дека секоја планирана општествена иднина мора
            да  биде  одобрена  и  призната  од  целиот  свет.  Целината
            мора  да  ја  планира  иднината,  а  со  тоа  ќе  се  намали
            ризикот за појавување грешки.

            Мора да се разбере дека и да постојат прикриени водачи
            на  светската  политика  и  економија  кои  се  доминантни
            денес, самите тие ќе ја сфатат поентата на иднината па ќе
            сакаат  да  тргнат  по  патеката  кон  иднината.  Можеби
            длабоко во себе и тие сакаат да се смени светот во кој
            нема да има крв и злоба.

            Главната  филозофија  на  секој  човек  во  светот  е  да  е
            среќен,  исполнет,  заљубен,  задоволен  итн.  Денешните
            проблеми кои го окупираат цел свет егзистираат затоа што
            ние не сме организирани и не делуваме како целина.


            Национализмот и расизмот се голема пречка за создавање
            на  целината.  Целиот  свет  во  преодната  фаза  кон  новото
            општество мора да го искорени национализмот и расизмот
            заедно.  Тоа  лесно  може  да  се  направи  затоа  што
            декларативно тоа е поддржано од целиот свет.


                                         106
   102   103   104   105   106   107   108   109   110   111   112