Page 104 - ПАТЕКА 2
P. 104

Ќе  наведам  еден  пример  кој  многумина  од  нас  го
            доживеале и за тоа размислувале.

            Навечер  одите  во  кревет,  легнувате,  не  можете  да
            заспиете,  си  го  анализирате  и  воедно  го  проверувате
            својот  живот,  тоа  ви  доаѓа  така  за  да  се  проверите.  Се
            прашувате  дали  сте  задоволни  од  минатото  и  дали  ќе
            бидете задоволни од иднината.

            Порано  си  велевте  „сакам  да  имам  работа  што  ќе  ја
            работам со задоволство, значи сакам да бидам исполнет и
            креативен, сакам да имам сопруга која искрено ќе ме сака
            и животот со неа ќе ми биде исполнет со добри моменти и
            тоа  да  трае  до  крајот  на  мојот  живот,  сакам  да  имам
            дечиња коишто ќе бидат воспитани, образовани и среќни.
            Сакам  да  имам  другари  кои  би  ми  го  исполниле  делот  од
            слободното  време  на  мојот  живот  со  убави  моменти.  Во
            иднината  сакам  да  имам  внучиња  кои  би  ги  почитувале
            бабата и дедото“.

            Да,  ова  е  желбата  што  ја  има  секој  нормален  човек  од
            целиот свет и тоа завршува тука, во твојот кревет. Потоа
            ти  заспиваш  и  наутро  кога  ќе  се  разбудиш  се  тераш  по
            старо,  го  пиеш  првото  утринско  кафе  и  почнуваш  да
            размислуваш  за  обврските  кои  денес  те  чекаат.  Потоа
            следат нервози, расправии, притисоци во твојата глава од
            сите  страни.  Навечер  доаѓаш  дома,  го  вклучуваш
            телевизорот,  задремуваш  пред  него  и  така  тој  те  гледа
            како спиеш. Така тоа трае и трае, незадоволството расте.

            Суштината  е  најважна,  само  таа  може  да  те  исполни,
            формата денес е наметната во денешните односи за да ја
            затскрие суштината. Денешните општествени односи мора
                                         103
   99   100   101   102   103   104   105   106   107   108   109