Page 106 - ПАТЕКА 2
P. 106
16
Денешната политичка состојба во целиот свет е многу
измешана и просто кажано чудна. Има луѓе кои напишаа
многу книги за светскиот заговор, нов светски поредок,
некои од книгите имаат логичности, но и спротивности во
поставување разни тези кои го отсликуваат светот денес и
минатото. Во една од овие книги се третира и денешната
криза во Украина, се анализира иранската држава, се
шпекулира за наводно правата вистина за 11 септември
2001 и трагедијата во Њујорк, со еден збор се наведува
дека некоја хазардска група од 1200 луѓе владее со целиот
свет. Наводно таа група почнала да делува уште десетици
векови наназад и денес е најсилна. Пола од светското
богатство истите тие го поседуваат. Велат дека сите војни
во светот се добро планирани за нивни интереси и цели.
Ваквите шпекулации, полувистини или вистини јас не би
сакал да ги анализирам и со тоа да навлегувам во
лавиринтот од кој нема ниту решение ниту корист.
Едноставно не сакам да ја анализирам историјата во која
има пролеано многу крв.
Мојата порака е проста и едноставна, решението на сите
проблеми се наоѓа во иднината. Нашата иднина мораме
да ја проучуваме и во истовреме да ја откриваме,
планираме. Планирана општествена иднина ќе ги
елиминира сите негативни општествени односи, тоа во
суштина е исто како пеницилин за бактериски инфекции.
105