Page 158 - ЦЕЛИНА
P. 158

Анализата	 на	 глобализацијата	 како	 светски	 процес	 нè	 носи	 до
            заклучок	дека	глобализацијата	како	неминовен	дел	од	развојот
            на	 општествените	 односи	 создаде	 позитивни,	 но	 и	 негативни
            состојби.

            Позитивните	придобивки	од	глобализацијата	се:

            -	Добрата	страна	на	глобализација	се	што	доведе	до	драстично
            зголемени	приходи	и	економски	раст	во	земјите	во	развој.

            -	 Светската	 глобализација	 ги	 спушти	 цените	 на	 потрошувачката
            во	развиените	земји.

            -	 Менувањето	 на	 локацијата	 на	 производство	 на	 стоки	 создаде
            многу	работни	места	во	земјите	во	развој.

            -	 Глобализацијата	 ја	 стеснува	 разликата	 по	 глава	 на	 жител,
            разлика	во	приходите	меѓу	богатите	и	сиромашните	нации,	Кина,
            Индија,	Бангладеш	и	други,	како	едни	од	најсиромашните	земји
            во	светот.

            Негативната	страна	на	глобализацијата	е	во	тоа	што:
            -	 Развиените	 земји	 секојдневно	 губат	 работни	 места	 затоа	 што
            капиталот	 се	 префрла	 во	 земјите	 во	 развој	 поради	 евтината
            работна	сила.

            -	Светската	глобализација	произведе	негативни	нешта	и	создаде
            незадоволство	 од	 страна	 на	 засегнати	 поединци	 и	 групации	 во
            земјите	во	развој.

            -	 Демократскиот	 политички	 систем	 што	 го	 имаме	 во	 речиси
            целиот	 свет	 поради	 незадоволство	 ги	 донесе	 на	 власт	 десните
            партии,	кои	во	суштина	не	ја	поддржуваат	глобализацијата.

            Значи,	 глобализацијата	 создаде	 многу	 добри,	 но	 и	 многу	 лоши
            состојби.	За	да	се	разбере	ова	ќе	наведам	пример	со	кој	ќе	се
            увидат	добрите	и	лошите	резултати	од	глобализацијата	со	цел	да

                                          156
   153   154   155   156   157   158   159   160   161   162   163